Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Сателитска служба

Радиокомуникациска служба која се остварува со посредство на сателит, е сателитска служба, при што може да биде мобилна сателитска служба, фиксна сателитска служба и радиодифузна сателитска служба. 
Мобилната и фиксната сателитска служба, комуникацијата ја остваруваат со користење на сателитски сегмент и станици лоцирани на површината на земјата, т.е. земски станици. Овој вид на комуникации се двонасочни. Користењето на сателитските сегменти е поврзано со сателити за кои орбиталната положба мора претходно да биде координирана на меѓународно ниво. За користење на радиофреквенции за земските станици кои комуницираат во сателитска служба, се издава одобрение за користење на радиофреквенции во сателитска служба.

Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во сателитска служба се поднесува до Агенцијата во пишана форма согласно  Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на рф.

За издавање на одобрение за користење на радиофреквенции за земски станици вклучуваји ги и VSAT и SNG станиците се достават следните документи:

  • Пополнет образец (земска станица Барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции за Земска сателитска станица  или SNG станица или VSAT станица според упатството за пополнување
  • техничко решение согласно член 3 од Правилникот;
  • доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси;
  • Краток опис на системот или намената на станицата.

   
Радиодифузна сателитска

Радиодифузната сателитска служба, комуникацијата ја остваруваат само со користење на сателитски сегмент. Овој вид на комуникација е еднонасочен. Користењето на сателитските сегменти е поврзано со сателити за кои орбиталната положба и фреквенциските опсези мора претходно да бидат координирана на меѓународно ниво. 
Во случај кога се пренесуваат пакети на програмски содржини или поединечни програмски содржини преку комуникациски сателити кои користат фреквенциски опсези за фиксна или мобилна сателитска служба (не за радиодифузна сателитска служба) одобрение за користење на радиофреквенции се издава само за земската станица која ја обезбедува комуникацијата земја - сателит.

За издавање на одобрение за користење на радиофреквенции за земски станици потребно е да се достават следните документи:

  • Пополнет образец за земска станица  според упатството за пополнување;
  • техничко решение согласно член 3 од Правилникот
  • доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси;
  • Краток опис на системот или намената на станицата.

За користење на радиофреквенции за сателитска служба се плаќа годишен надоместок според Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции..

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на