Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Известување за користење на скратени броеви со четири цифри

Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации согласно член 23 од Правилникот за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација („Сл. весник на РМ“, бр. 190/14 и 205/16), ќе го одземе правото на користење на доделени скратени броеви од серијата 13 или 15 со должина од 4 цифри.
Согласно одредбата од членот 23 Решенијата за доделување на скратени броеви со четири цифри кои Агенцијата ги има издадено на оператори и/или даватели на јавни електронски комуникациски мрежи и/или услуги ќе престанат да важат по изминување на 5 години сметано од 27.12.2013 на истата мрежна завршна точка на која се доделени.
Доколку сакате да продолжите со користење на  скратени броеви од серијата 13 и 15 во нумерациско подрачје за јавна фиксна и мобилна комуникациска мрежа потребно е да склучите нови договори за користење на скратени броеви од серијата 13 или 15 со должина од 5 цифри.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на