Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Формулари - Анализа на пазар

Квартални извештаи
Комисијата на ден 29.12.2009 година го усвои Упатството за обезбедување на информации и финансиски податоци за анализа на пазар. Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на јавни електронски комуникациски услуги се должни да и доставуваат информации и финансиските податоци на Агенцијата за електронски комуникации заради извршување на активностите кои се однесуваат на анализа на релевантите пазари согласно истото почнувајќи од првиот квартал од календарската 2010 година (1 јануари - 31 март) најдоцна до 15 мај 2010 година.


Вкупни годишни приходи
Директорот на Агенцијата на ден 07.03.2011 година го усвои Упатството за формата, содржината и начинот на доставување на извештај за вкупни годишни приходи на оператори на јавни комуникациски мрежи и даватели на јавни комуникациски услуги. Со истото се уредува формата и содржината на Извештајот за вкупни годишни приходи остварени со употребата на јавни комуникациски мрежи и давањето на јавни комуникациски услуги во текот на претходната календарска година, или пократок дел од годината кога операторот или давателот почнал да работи што операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни да и го достават на Агенцијата заради извршување на нејзините надлежности, како и начинот на неговото доставување.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на