Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Надоместок за користење на РФ

Годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите е наменет за надзор, следење, мерење на радиофреквенцискиот спектар и покривање на административните трошоци на Агенцијата во врска со нејзините надлежности. Висината на годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите се пресметува според Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.

Годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите се плаќа на сметка на Агенцијата за секоја тековна година, почнувајќи од датумот на издавање на одобрението за користење на радиофреквенции.

Пресметката на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции се врши според следните критериуми: вид на радиослужба, доделен радиофреквенциски опсег, широчина на доделени радиофреквенциски, канали, вид на радиостаница, област на покриеност, големина на сервисна зона (населено место/број на жители), ефективна височина на антената, заедничко користење на иста фреквенција или комбинација од истите.

Надоместок за користење на радиофреквенции не плаќаат државните органи, ЈП Македонска радиодифузија за пренос на радиотелевизиските програмски сервиси на ЈП Македонска радиотелевизија и јавните радиодифузни претпријатија на локално ниво кои се финансирани од радиодифузната такса, радиоаматерите и корисниците на граѓанскиот опсег (ЦБ), како и за пренос на програмски сервиси финансирани од радиодифузната такса.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на