Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Постапка за издавање одобренија

Радиофреквенции можат да користат физички и правни лица врз основа на одобрение за користење на радиофреквенции што го издава АЕК согласно План за доделување и користење на РФ во РМ.
Определени радиофреквенции можат да се користат без одобрение во согласност со Правилникот за користење на радиофреквенции без одобрение за користење на радиофреквенции.
Oдобрението се издава во рок од 42 дена од датумот на поднесување на барањето.
Корисниците на радиофреквенции на Агенцијата и плаќаат годишен надоместок за користење на радиофреквенции, почнувајќи од датумот на издавање на одобрението за користење на радиофреквенции, согласно Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.
Агенцијата издава одобрение за користење на радиофреквенции врз основа на барање или во постапка на јавен тендер.
Барање
Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува до Агенцијата во пишан облик согласно Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции и потребната документација.
При поднесување на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува:
  • Пополнет образец
  • Доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси, и
  • Копија од решение од Централен регистер на РМ.
За користење на радиофреквенции во фиксна, копнена мобилна и радиодифузна служба покрај пополнетиот образец се доставува техничко решение согласно член 3 од горенаведениот Правилник.

Постапка на јавен тендер
Доколку Агенцијата смета дека постои зголемен интерес за определени радиофреквенции што би можело да ја надмине расположивоста на радиофреквенцискиот опсег и дека определените радиофреквенции не се доволни за сите заинтересирани страни, таа е должна да спроведе постапка на јавен тендер за доделување на определените радиофреквенции.
За радиофреквенциски опсег за користење на територија на Република Македонија, доделен во постапка на јавен тендер или по основ на концесија, се издава одобрение за користење на радиофреквенцискиот опсег, a не се издаваат одобренија за користење на радиофреквенции од доделениот радиофреквенциски опсег за базни станици во копнено мобилна / фиксна служба.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на