Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Пренос на одобрение

Правото за користење на радиофреквенциите не може да се пренесе или отстапи на друго правно или физичко лице без претходна согласност од Агенцијата за што се поднесува писмено барање. 
Кон барањето се доставуваат следните документи:
  • Изјава од носителот на одобрението за користење на радиофреквенции со која се сложува да се изврши пренос/отстапување на правото за користење на радиофреквенциите
  • Изјава од правното или физичко лице на кое се пренесува/отстапува правото за користење на радиофреквенциите за прифаќање на правата и обврските кои произлегуваат од одобрението за користење на радиофреквенции;
  • Извод од Централен регистар за правното или физичко лице на кое се пренесува/отстапува правото за користење на радиофреквенциите и
  • Cогласност од Советот за радиодифузија доколку се работи за фреквенции што се користат за радиодифузија.
По приемот на барање за пренос на право за користење на радиофреквенции Агенцијата утврдува дали физичкото или правното лице на кое се предлага да се пренесе или отстапи правото на користење на радиофреквенции ги исполнува сите услови утврдени со Законот за електронски комуникации и важечките прописи на Агенцијата, како и дека предложениот пренос нема да ја наруши конкуренцијата или да ја попречи безбедната, сигурната и ефикасна употреба на радиофреквенцискиот спектар.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на