Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Мрежи и услуги

Пред започнување на изградба и/или употреба на јавни електронски комуникациски мрежи и/или обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги, менување или прекин во обезбедувањето на јавни комуникациски мрежи и услуги се доставува нотификација до Агенцијата за електронски комуникации.
Регистрацијата во Агенцијата не претставува доволен услов за остварување на правата и обврските на операторите или давателите на услуги согласно Законот за електронските комуникации или друг закон. Потврдата за регистрација издадена од Агенцијата сама по себе не создава права или обврски согласно Законот за електронските комуникации, доколку не бидат исполнети другите услови предвидени со Законот за електронските комуникации и друг закон.
Доколку станува збор за изградба на комуникациска мрежа, правното или физичкото лице, пред да започне изградба на јавна комуникациска мрежа покрај обврската да достави нотификација во Агенцијата, треба да поднесе барање за добивање на одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски, односно надлежниот орган на локалната самоуправа, во зависност од категоријата на градба, а во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и  Законот за градење.
 
Нотификација
Нотификацијата содржи потпис на законскиот застапник овластен во писмена форма и печат на подносителот. Доколку подносителот на нотификацијата претставува група на компании (асоцијација, спојување од неколку фирми, итн.) законскиот застапник мора да биде овластен од сите компании или пак од компанијата која ја има контролната улога во групата.
Агенцијата врши регистрација на подносителот на нотификацијата со  запишување во службената евиденција на Агенцијата во рок од 15 (петнаесет) дена од приемот на нотификацијата, по која ќе му се достави писмена потврда за извршена регистрација.
Нотификација за прекин во обезбедувањето на одредена јавна електронска комуникациска услуга се поднесува во рок не пократок од 30 (триесет) дена пред предложениот прекин на јавната електронска комуникациска услуга. Во тој случај, подносителот на нотификацијата доставува изјава дека ги има известено корисниците на јавната комуникациска услуга за планираниот датум на прекин во обезбедувањето на јавната електронска комуникациска услуга и дека ги има превземено сите мерки согласно Законот за електронските комуникации и подзаконските прописи донесени врз негова основа.
По нотифицирањето, согласно член 23 од Законот за електронските комуникации, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на јавни електронски комуникациски услуги се должни да и ги доставуваат на Агенцијата за електронски комуникации информации и финансиски податоци  заради извршување на нејзините надлежности, во дефинирана форма.
Воедно, операторите на јавни комуникациски мрежи  и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават видот и содржината на податоците во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги, а во согласност со листата на стандарди и/или спецификации за електронски комуникациски мрежи, услуги и придружни средства и услуги, објавена во службено гласило на Европската унија (О.Ј. Ц 331 од 31.12.2002).
 
Параметри за квалитет на јавни комуникациски услуги
“Согласно Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените, тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги, операторите на јавни телефонски мрежи и давателите на јавни телефонски  услуги доставуваат податоци за Параметри за квалитет на јавни комуникациски услуги за изминатата година до Агенцијата, кои се прикажани во сумарен облик”.

Документи - Телекомуникации

Мар 02, 2015

Правилник за преносливост на броеви

in Легислатива
Јан 14, 2015

Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга

in Легислатива
Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга и Коментари и…
Дек 10, 2014

План за нумерација

in Легислатива
Јун 30, 2011

Правилник за технички услови

in Легислатива

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на