Select Page

Со член 26-а од Законот за електронските комуникации во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), која претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и која идентификува и обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

Основните цели и задачи на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти се:

  • Да обезбеди клучна улога при координација на справувањето со инциденти кај засегнатите субјекти на национално ниво.
  • Да обезбеди одговор за справување со компјутерски инциденти, преку давање на неопходни услуги кон неговиот конституент/корисник, со што неговиот конституент/корисник ќе може ефикасно да се справи со инцидентите.
  • Континуирано да врши мониторинг за ризици, да добива информации за компјутерските закани и инциденти (по автоматски пат или од трети страни) и постојано да располага со показатели за малициозниот сообраќај што доаѓа или излегува од државата.
  • Преставува официјална национална точка за контакт и размена на информации (извештаи за инциденти, ранливост итн.) за внатре во рамките на државата како и за надвор од неа со Националните/Владини CIRT-ови од државите во регионот и пошироко.
  • Да навремено ги информира и известува конституентите. Да им обезбедува на конституентите безбедносни совети, информации за рано предупредување и да делува како централна точка за прашањата од областа на сајбер безбедноста.
  • Целосно да соработува и разменува информации со институциите од државата надлежни за спроведување на законите, а особено со оние од областа на сајбер криминалот, како и соодветно да ги адресира правните прашања кои можат да се појават за време на инцидент.
    Континуирано да разменува информации, знаење и искуство со конституентите, да утврдува безбедносни најдобри практики/водичи и истите да ги објавува, како и континуирано да обезбедува едукација и обуки за конституентите и за самите вработени во центарот.
  • Да обезбедува помош во процесот на воспоставување на Интерни центри за одговор на компутерски инциденти на големите организации кои управуваат со клучни/критични информациски инфраструктури (јавни и приватни) во Република Македонија.
  • Континуирано да ја подига свесноста кај граѓаните за негативните ефекти на сајбер заканите и компјутерскиот криминал.

Контакт со Службата – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT)

Александар Ацев
Раководител на Служба – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT)
aleksandar.acev@aec.mk 
тел. 02 3 289 216 
моб. 070 279 600

Веб страна на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти: https://mkd-cirt.mk