Select Page

Роаминг во Западен Балкан од 01.07.2021

  1. Прашање: Покрај Република Северна Макединија, кои други земји се опфатени во договорот?

Одговор:  Република Албанија, Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

  1. Прашање: Дали разговорите ќе бидат бесплатни?

Одговор:  Со роаминг услугите во земјите на Западен Балкан корисниците ќе имаат право да ги користат услугите вклучени во нивните тарифни модели, тарифирани под истите услови како „дома“, се до нивно искористување (разговор/ СМС).

  1. Прашање: Дали мобилниот интернетот ќе биде бесплатен?

Одговор:  Не, мобилниот интернет ќе биде бесплатен до моментот на искористување на точно определена количина пресметана од страна на Операторот, согласно правилата за фер користење, а во зависност од претплатата која корисникот ја плаќа. На web страната на Операторот треба да има детални информации за количината на интернет која му следува на корисникот кој роамира во земјите опфатени со овој Договор.

  1. Прашање: Дали изборот на партнер-операторот е предуслов или важи за сите партнер-оператори во опфатените земји, рачен или автоматски мод за избор на оператор?

Одговор: Не, изборот на оператор не игра улога во користењето на услугите во земјите опфатени со овој Договор.

  1. Прашање: Дали важат механизмите за заштита од АЕК, при достигнат висок износ во роаминг?

Одговор:  ДА, при достигнат трошок од 1.000 денари (со ДДВ) мобилниот интернет се деактивира, по што е неопходна реактивација, а при достигнат трошок од 3.000 денари (со ДДВ), нема да бидете деактивирани, туку само известени со СМС.