Select Page

Во согласност со Член 13 од Законот за електронски комуникации, Агенцијата за елетронски комуникации ја објавува нацрт Одлуката за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан со цел да обезбеди јавна расправа со која ќе им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови во однос на истите. Рокот на јавната расправа ќе биде до 22ри јуни 2019 година. Вашите мислења и коментари ве молиме испратете ги на адресата на Агенцијата за електронски комуникации или на следните електронски пошти: sinisa.apostoloski@aec.mkmarjan.pejovski@aec.mk и aleksandar.kocevski@aec.mk

Дополнето на 25 јуни 2019 година:

Во согласност со Член 10 став (4) од Законот за електронски комуникации Агенцијата ја објавува финалната Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан. Во согласност со Член 13 од Законот за електронски комуникации нацрт верзијата на Одлуката беше објавена на веб страната на АЕК на 23 Мај со цел сите заинтересирани страни да достават коментари и мислења по предлог Одлуката. Во предвидениот рок беа добеиени коментари од Македонски Телеком АД Скопје и оне.Вип ДООЕЛ Скопје. Во прилог ги објавуваме доставените коментари како и ставот на Агенцијата по истите. Одлуката, коментарите и одговорите по коментарите се достапни на следниот линк

Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи



Additional information:

Start of the public debate: 23/05/2019
Крај на јавна расправа: 22/07/2019
Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: sinisa.apostoloski@aec.mk, marjan.pejovski@aec.mk и aleksandar.kocevski@aec.mk