Select Page

Радиофреквенци можат да користат физички и правни лица врз основа на одобрение за користење на радиофреквенции што го издава АЕК согласно План за доделување и користење на РФ во РМ.

Определени радиофреквенции можат да се користат без одобрение во согласност со Правилник за радиофреквенции кои можат да се користат без одобрение за користење на радиофреквенции.

При издавањето на одобрение за користење на радиофреквенции, Агенцијата мора да ги почитува начелата на објективност, транспарентност, недискриминација и пропорционалност, а при издавањето на одобрение за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги мора да води сметка и за остварување на целите и регулаторните начела утврдени со Законот за електронски комуникации. Корисниците на радиофреквенции врз основа на одобрение за користење на радиофреквенции на Агенцијата и плаќаат годишен надоместок за користење на радиофреквенции, почнувајќи од датумот на издавање на одобрението, согласно Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.

Агенцијата издава одобрение за користење на радиофреквенции врз основа на барање или во постапка на јавен тендер.