Select Page

Денес во Сараево директорот на Агенцијата за електронски комуникации имаше состанок со директорите на националните регулаторни тела од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Тема на состанокот беше продлабочување на соработката помеѓу регулаторите во насока да се обезбедат поповолни и подостапни електронски комуникациски услуги на корисниците во регионот, анализа на досегашните ефекти од воведување на поефитни роаминг услуги во регионот, како и следни чекори на меѓусебна соработка.