Select Page

Агенцијата за електронски комуникации ги информира корисниците кои следат дигитална терестријална телевизија, DVB-T преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа за следното:

Во насока на воведување на 5G технологија и ослободување на фреквенцискиот опсег 694-790 MHz (дигитална дивиденда 2), предвидена е промена на каналите во одредени региони.

Промените ќе се одвиваат по следниот редослед:

  • 27.11.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба „Страцин“ (Куманово и Крива Паланка и нивната поширока околина);
  • 04.12.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба „Страцин“ (Кратово и неговата поширока околина).

При процесот на промена на каналите можни се делумни или целосни прекини во програмата.

Во тој случај, апелираме до корисниците за задолжително прескенирање на ТВ каналите на уредите за прием на DVB-T.

Корисниците на услуги преку кабелска и оптичка мрежа нема да бидат засегнати од овие промени.

Агенција за електронски комуникации

Скопје, 22.11.2019 година