Select Page
Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации започна со спроведување на Трета анализа на големопродажниот пазар:
1.  Пазар 12- Услуги за завршување на повик во јавни мобилни комуникациски мрежи.
Оваа активност Агенцијата ја спроведува согласно член 42 од ЗЕК – преиспитување на утврден релевантен пазар каде стои „Агенцијата во определени временски периоди во соработка со органот надлежен за заштита на конкуренцијата, е должна да го преиспита постоењето на ефективна конкуренција на одреден релевантен пазар“.
Третата анализа на овој пазар се спроведува врз основа на информациите и податоците со кои располага АЕК од доставените квартални извештаи од нотифицираните оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и даватели на јавни електронски комуникациски услуги. 
Пазарите за електронски комуникациски услуги се одликуваат со постојан развој. Затоа неопходно е во определени временски рамки истите да бидат предмет на анализа спроведена од регулаторот со цел да се утврди степенот на развој на конкуренцијата и утврдување на состојбата на пазарите. Континуираното спроведување на анализи на пазарите се врши со цел да се утврди состојбата и степенот на развој на конкуренција како и да се утврди дали развојот се движи во правец на ефикасна конкуренција или постојат одредени бариери.