Select Page

Почитувани,
Со решение број СТ.број 489/11 од 26.07.2011 година  донесено од Основниот Суд Скопје 2 Скопје, е отворена стечајна постапка над “Трговското радиодифузно друштво А1 ТЕЛЕВИЗИЈА Дооел Скопје – во стечај” со седиште на ул.Перо Наков број 60, Скопје.  Во член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност („Службен весник на РМ,“ 100/2005, 19/2007, 103/2008 и 6/2010) е утврдено дека дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон во случај на стечај или ликвидација. Со оглед на ова, имајќи ја предвид одредбата од член 74 став 1  точка г од Законот за електронските комуникации (,,Службен весник на РМ,, бр.13/05, 14/07, 55/07, 98/08 и 83/2010)  во која е утврдено дека „одобренијата за користење на радиофреквенции по сила на закон престануваат да важат со престанок на важење на дозволата за вршење на радиодифузна дејност“ Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на ден 29.07.2011 година донесе Решение со кое ПРЕСТАНУВААТ ДА ВАЖАТ одобренијата за користење на радиофреквенции во радиодифузна дејност со број 102962, 102985,  102977, 102970, 102966, 102971, 103512, 102984, 102982, 102983, 103513, 103514, 102979, 102963, 102965, 106613, 102981, 102967, 102968, 102975, 102978, 102969, 102973, 102980, 102976, 102972, 103515, 102974, 104567, 102126,  102124, 102120, 102113, 102112, 102114, 102115, 102111,  102042, 102133, 102127, 102128, 102119, 102117, 102129, 102109, 102125, 102108, 102130, 102131,  103955, 102132, 102118, 102116, 102123, 102122, 102121 и 102110 издадени од Агенцијата за електронски комуникации на корисникот “Трговско радиодифузно друштво А1 ТЕЛЕВИЗИЈА Дооел Скопје – во стечај“.
По доставувањето на Решението со кое одобренијата за користење на радиофреквенции престануваат да важат, на ден 30.07.2011 “Трговско радиодифузното друштво А1 Телевизија Дооел Скопје – во стечај” согласно законот го прекина емитирањето на програмата во етер.
Скопје, 30.07.2011
Со почит, 
Агенција за електронски комуникации