Select Page

Почитувани,

Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на „Референтен документ за моделот Изнајмени линии, изнајмување на кабелски канали и dark fibre“  ги достават своите гледишта и ставови по предложениот
предмет на јавната расправа. Имено, на состанокот одржан на ден 22.11.2011 година Агенцијата за електронски комуникации ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на надградба на BU LRIC модел за фиксни мрежи заради пресметување на цените на терминирани и преносни сегменти на изнајмени линии за различни растојанија на колото на изнајмени линии, цени за под-канали и цени за неискористен дел на оптика. Надградбата се развиваше во соработка со Дилоит-Хрватска врз основа на договор за консултантски услуги.

icon 20120723_Референтен документ за моделот Изнајмени линии Изнајмување на каб канали и Dark Fibre (1.32 MB 2012-07-23)

icon 20120723_Model Reference Paper Wholesale Leased Lines Duct Rental and Dark Fibre (1.3 MB 2012-07-23)

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 22.08.2012 на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје

mirjana.bolinovska@aec.mk