Select Page

На 20.09.2011 е потпишан „Меморандум за разбирање и деловно техничка соработка“ помеѓу Агенцијата за електронски комуникации од Република Македонија и Регулаторното тело за областа на електронските комуникации на Република Црна Гора – “Агенцијата за електронски комуникации и поштенска дејност”. Како акт на веќе воспоставената соработка на полето на електронските комуникации помеѓу нашите две регулаторни тела овој чин претставува официјализирање на една плодна соработка која ќе продолжи и во иднина. Понатамошна соработка ќе биде остварена во делот на размена на искуства во областа на имплементирање на електронски регистар за електронски комуникациски мрежи, спроведувањето на услугите опфатени со Универзалната услуга, регулација на пазарите на фиксна и мобилна телефонија и броадбенд како и имплементирање на трошковните модели за пресметка на голeмопродажните цени на пазарите.

{gallery}mou_CrnaGora{/gallery}