Select Page
  • Службата за внатрешна ревизија врши независно, објективно уверување  и консултативна активност проектирана да додаде вредност и да го подобри работењето на организацијата.
  • На организацијата и помага да ги оствари своите цели преку воведување систематски, дисциплиниран пристап за оценување и подобрување на ефикасноста на управувањето со ризик, контрола и процесот на управување.
  • Изработува стратешки и годишни планови за внатрешната ревизија врз основа на објективна проценка на ризик.
  • Извршува поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови како и финансиски ревизии, ревизија на усогласеност (регуларност), ревизија на системите за внатрешна контрола, ревизија на усогласеност на работењето (извршување) и ИТ ревизија (темелна проценка на работењето на информативно технолошките системи).
  • Прави проценка на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, проценка и управување со ризиците од раководството на АЕК.
  • Дава препораки за подобрување на работењето и работните процедури.
  • Врши мониторинг на спроведувањето намерките преземени од директорот на АЕК  врз основа на извршените ревизии.

 

Контакт со Службата за внатрешна ревизија:

Гордана Каракирова
Раководител на Служба за внатрешна ревизија – овластен внатрешен ревизор
gordana.karakirova@aec.mk
тел. 02 3 289 218
моб. 070 22 86 81