Select Page

Во правец на заштита на крајните корисници, Агенцијата за електронски комуникации отвора „Контакт центар 190 и инспекциска служба“. Досега контакт центарот во Битола беше оперативен но од неодамна ставени се во функција и контакт центрите во Скопје и Штип. Станува збор за 3 јазичен контакт центар, во кој крајниот корисник може да се обрати за повеќе проблеми: мобилна и фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Во досегашниот период  најголем број на јавувања се однесуваат на приговори од крајните корисници кои се однесуваат: на висока сметка, проблеми при пренесувањето на претплатничкиот број од еден во друг оператор, еднострано продолжување на претплатничките договори од страна на операторите без претходно известување на претплатникот дека договорот е продолжен и под кои услови е продолжен, пречки во квалитетот на сигналот на телевизиските канали, исклучување на претплатникот од мрежата и онеспособување за користење на електронските комуникациски услуги под неразјаснети околности (поради неплаќање на спорна сметка ) итн.
„Се радувам што конечно крајните корисници ќе имаат ефикасен сервис  „Контакт центар 190 и инспекциска служба“ и ќе имаат место каде да се пожалат  доколку имаат проблеми со она што е во доменот на електронски комуникации.  Граѓаните е доволно да се јават во контакт центарот на АЕК и да се информираат за понатамошните чекори, а потоа инспекциските служби ќе дејствуваат и ќе ја испитаат целата ситуација. Доколку се констатирани извесни неправилности ќе преземеме соодветни  корективни акции за соодветниот оператор. АЕК е спремен да ги решава и најпроблематичните приговори од крајниот корисник и верувајте сите наши капацитети се насочени во правец на заштита на крајниот корисник.  Само за потсетување прецедурата за одговор и решавање на приговор од краен корисник, од досегашните 53 денови, е скратена на 23. Крајна цел на АЕК е истата процедура да се сведе на 11 денови.“ – изјави Директорот на АЕК г.Роберт Орданоски.

{gallery}bitola20110921{/gallery}