Select Page

План за нумерација и Правилник за доделување на броеви и серии на броеви
Вовед
План за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија е структура на броеви и серии на броеви и нивен распоред за обезбедување на пристап до јавните комуникациски мрежи и/или јавните комуникациски услуги. Со Планот за нумерација управува Агенцијата за електронски комуникации за да обезбеди ефикасно структуирање и употреба на броевите и сериите на броеви, да се задоволат потребите на операторите кои имаат право на доделување на броеви и да се обезбеди доделување и користење на броевите на праведен и недискриминаторски начин.

Структурата, должината и намената на броевите за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во Република Македонија и одредени услуги што се обезбедуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се утврдени во Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија,  кој можете да го превземете на следниот линк.icon 20091127_План за нумерација – Сл.Весник на РМ бр.143/09 (218.52 kB 2009-11-27).

Отстапатување правото на користење на доделениот скратен број на оператор на јавна телефонска мрежа и/или давател на јавно достапни телефонски услуги

icon 20100202_Листа на оператори подговтени за опслужување на скратени броеви (30 kB 2010-02-02)


Начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија, како и формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви и потребните документи што се приложуваат кон барањето за доделување на броеви и серии на броеви се пропишани во Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, кој можете да го превземете на следниот линк.  icon Правилник за содржината и формата на барањето за доделување на броеви и серии на броеви и податоците – Сл.Весник на РМ бр.143/09(98.59 kB 2009-03-24)

Образецот на барањето за доделување на броеви и серии на броеви е даден во прилог на Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, кој можете да го превземете на следниот линк. icon 20091111_Прилог – Барање за доделување на броеви/серија на броеви (111 kB 2009-11-11)

Правилник за утврдување на методот за пресметување на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија. icon Правилник за утврдување на методот за пресметување на годишниот надоместок за користење на броеви (238.54 kB 2009-12-29)