Select Page

Локално радио: Ќе ве молам да ми кажете дали има слободна фреквенција за локално радио за ____________ и која е процедурата за добивање на истата?

Радиофреквенциите од опсегот наменет за радиодифузна дејност се доделуваат и користат во согласност со одредбите од Законот за радиодифузна дејност и Законот за електронски комуникации. Според одредбите од двата закона, Агенцијата е надлежна за управување и распределување на радио фреквенциите, додека Советот за радиодифузија е надлежен за доделување на дозволи за вршење на радиодифузна дејност и контрола и надзор над програмските содржини.
Процедурата за отпочнување  со работа на радиодифузна станица е следната:
Врз основа на радиофреквенцискиот план за доделба на фреквенции што го изготви Агенцијата и кој што може да се најде на нашата веб страна на следниов линк , Советот за радиодифузија, според законски утврдени критериуми, проценува за колку од слободните фреквенции ќе објави јавен конкурс за доделување на дозволи. Врз основа на Одлуката од Советот, корисниците доставуваат барање до Агенцијата за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции, при што барањето треба да го поднесат како регистрирано правно лице.