Select Page

На денешениот прес во “Holiday In”, Агенцијата за електронски комуникации (AEK) ги презентираше новите услуги на порталот www.komuniciraj.mk, особено услугата е-приговор.
Ако досега единствениот начин за поднесување приговор беше преку испраќање на документите по пошта, или лично доставување во АЕК, од сега, тоа ќе може да се прави преку електронски пат, се во правец на заштита на крајниот корисник и побрзо решавање на приговорите.
Постапката за поднесување на електронски приговор е кратка и едноставна. Прво, потребно е крајниот корисник да креира свој профил на www.komuniciraj.mk преку корисничко име и лозинка. Потоа корисникот, преку својот профил на www.komuniciraj.mk пополнува формулар за поднесување на приговор. Во прилог на формулатор ги испраќа веќе одбиениот приговор од операторот и сметката која ја оспорува.
На овој начин целата постапка се затвора, приговорот стигнува до службите во АЕК и истиот соодветно на постапката за решавење приговори во АЕК се разгледува.