Сектор за анализа на пазарот

  • Ги координира активностите во врска со спроведувањето на Законот за електронските комуникации во делот на анализа на пазарот на електронските комуникации
  • Тимот во Секторот за анализа на пазарот ја организира и следи анализата на пазарот на електронските комуникации што се врши при определување на оператори и/или даватели на електронски комуникациски услуги со значителна пазарна моќ;
  • Ја организира и следи анализата на пазарот на електронските комуникации што се врши при определување на даватели на универзална услуга; цените и системот на трошоци на операторите и/или давателите на електронски комуникациски услуги со значителна пазарна моќ;
  • Ги координира активностите со Комисијата за заштита на конкуренцијата;
  • Ја организира подготовката на споредбени анализи за развојот на пазарот на електронските комуникации во Република Македонија со развојот на пазарите на електронски комуникации на земјите членки на ЕУ и ИТУ;
  • Ги организира и координира активностите поврзани со анализа на висината на надоместоците што се плаќаат на сметката на АЕК согласно Законот за електронските комуникации;
  • Учествува во мултидисциплинарни професионални проектни тимови од областа на електронските комуникации;
  • Дава мислења и предлози во врска со анализата на пазарот на електронските комуникации при определување на даватели на универзална услуга;
  • Дава мислења и предлози при анализата на цените и системот на трошоци на операторите и/или давателите на електронски комуникациски услуги со значителна пазарна моќ;
  • Учествува во постапката за утврдување на висината на надоместоците што се плаќаат на сметката на АЕК согласно Законот за електронските комуникации;
  • Учествува во мултидисциплинарни професионални проектни тимови од областа на електронските комуникации;

Стапете во контакт со Секторот за анализа на пазар

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content