- Задача на Секторот за правни работа е да обезбедува правна поддршка во остварување на надлежностите на АЕК.
- Тимот во Сектрот за правни работи учествува во подготовката на прописите и другите акти од областа на електронските комуникации;
- Дава мислења и предлози во врска со заштитата на правата на корисниците,ја контролира и следи постапката по поднесени барања за заштита на правата на корисниците;
- Го организира надзорот на работењето на операторите и давателите на електронски комуникациски услуги во однос на почитувањето на утврдените обврски од правен аспект;
- Ја контролира и организира подготовката на актите што ги донесува директорот;
- Им дава мислење на органите на државната управа и други организации и институции по определени прашања поврзани со работата на АЕК;
- Дава коментари и препораки до Комисијата во врска со подготвените прописи дава објаснување за примената на законите, меѓународните договори и други акти од надлежност на АЕК и дава мислење во врска со правата, должностите и обврските на АЕК согласно закон;
- Ја организира и следи постапката за решавање на спорови и спроведува правни анализи во име на АЕК;
- Дава мислење на постапките за набавка на опрема и услуги за потребите на АЕК од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива, мислење по однос на остварување на правата и обврските од работен однос на вработените во АЕК
- Дава објаснување за примената на законите, меѓународните договори и други акти од областа на телекомуникациите;
- Спроведува правни анализи во име на АЕК и ги следи и проучува законските прописи од областа на телекомуникациите;
- Изготвува барања за поведување на прекршочна или кривична постапка против нелегални корисници на радиофреквенции;Дава објаснување за примената на законите, меѓународните договори и други акти од областа на радиокомуникациите;
- Васка Петровиќ
Раководител на Одделение за работи од областа на регулатива
тел. 3 289 245
моб. 070 38 33 23