Select Page
Раководи и управува со активностите на Секторот за радиокомуникации кои се однесуваат на ефикасно и рационално користење и планирање на радиофреквенцискиот спектар во согласност со домашната и меѓународната законска регулатива и стандарди..
Тимот во секторот за радиокомуникации ги следи и организира доделувањето на одобренија за користење на радиофреквенции; Учествува во постапката за  утврдување на висината на надоместокот за користење на радиофреквенциите; Учествува во процесот на координација на радиофреквенциите; Предлага спроведување на постапка на јавен тендер за доделување на радиофреквенции; Учествува во меѓународни организации; Учествува во работата на меѓународни тела и конференции од областа на радиокомуникациите; Ги следи и проучува меѓународните одлуки, препораки и стандарди; Дава мислење и предлог во врска со техничките стандарди и постапки за одобрување на радиокомуникациска терминална опрема;
Го следи развојот на радиокомуникациите и дава мислење и предлог во врска со подготовката, спроведувањето и ажурирањето на Планот за намена на радиофреквенциски опсези и Планот за доделување и користење на радиофреквенции; Организира јавна расправа со заинтересираните страни пред усвојување или изменување на регулативата со која се определува висината на надоместокот за користење на радиофреквенции;

Во рамките на Секторот за радиокомуникации работат две одделенија: одделение за фиксна и мобилна служба и одделение за радиодифузна и сателитска служба.
  • 1. Одделение за фиксна и мобилна служба
    Тимот во групата го следи пријавувањето и регистрирањето на доделени радиофреквенции во Меѓународната унија за телекомуникации; Учествува во изготвувањето на информации и платформи за меѓународни конференции и меѓу државни состаноци; Учествува во изготвувањето на меѓудржавни спогодби за координација на радиофреквенции; Го контролира и следи ефикасното користење на радиофреквенцискиот спектар;
  • 2. Одделение за радиодифузна и сателитска служба
    Раководи и управува со активностите на Групата за радиодифузна и сателитска служба кои се однесуваат на ефикасно и рационално користење и планирање на радиофреквенциите во согласност со домашната и меѓународната законска регулатива и стандарди.
    Тимот на групата е задолжен за го следи имплементирањето и редовното ажурирање на Планот за намена на радиофреквенцискиот спектар; Го следи пријавувањето и регистрирањето на доделени радиофреквенции во Меѓународната унија за телекомуникации; Учествува во изготвувањето на информации и платформи за меѓународни конференции и меѓудржавни состаноци; Учествува во изготвувањето на меѓуdржавни спогодби за координација на радиофреквенции; Го контролира и следи ефикасното користење на радиофреквенцискиот спектар; Учествува во постапката за утврдување на висината на  годишниот надоместок за користење на радиофреквенции;

Сектор за радиокомуникации

  • Билјана Илиева
    Раководител на Сектор за радиокомуникации
    biljana.ilieva@aec.mk, тел. 3 091 232, моб. 070 33 27 92
  • Радка Шекутковска
    Раководител на одделение за фиксна и мобилна служба
    radka.sekutkovska@aec.mk, тел. 3 091 291, моб. 070 35 04 85
  • Миле Вељанов
    Самостоен стручен соработник за фиксна и мобилна служба
    mile.veljanov@aec.mk, тел. 3 289 225, моб. 070 38 38 19
  • Весна Терзијан
    Стручен соработник за планирање и управување со радиофреквенцискиот спектар 
    vesna.terzijan@aec.mk, тел. 3.091 240, моб.070 22 87 62
  • Никола Грковски
    Самостоен референт – администратор
    nikola.grkovski@aec.mk, тел. 3 091 291, моб. 071 23 21 24
  • Лидија Пауновска
    Раководител на одделение за радиодифузна и сателитска служба 
    lidija.paunovska@aec.mk, тел. 3 091 251, моб. 070 23 77 44