- Ги координира активностите во врска со спроведувањето на Законот за електронските комуникации во телекомуникацискиот сектор во Република Македонија во делот на постапката за нотификација на оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и даватели на јавни електронски комуникациски услуги, нумерација, универзална услуга, интерконекција, пристап до јавни комуникациски мрежи, разврзан пристап на локална јамка, технички прописи и стандарди за изградба и работа на јавни комуникациски мрежи и давање на јавни комуникациски услуги.
- Тимот во Секторот за телекомуникации е задолжен да дава иницијативи и предлози за измена на прописите од областа на телекомуникациите заради хармонизација со регулативата на Европската унија; Го организира и следи приемот на нотификациите и издавањето на потврда за регистрација на оператори и/или даватели на електронски комуникациски услуги;
- Ја организира и следи контролата што се врши на операторите и/или давателите на електронски комуникациски услуги, вклучувајќи ги и операторите и давателите на електронски комуникациски услуги со значителна пазарна моќ од аспект на усогласеноста на нивното работење со прописите;
- Дава мислења и предлози во врска со спроведувањето на актите на АЕК кои се однесуваат на условите и пропишаната документација за вршење на активности за изградба и/или употреба на јавни електронски комуикациски мрежи и/или обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги, обезбедување на универзална услуга, обезбедување конкуренција во телекомуникацискиот сектор, интерконекција и пристап на јавни електронски комуникациски мрежи и/или услуги, пристап и користење на специфични мрежни средстсва, нумерација и преносливост на броеви, заштита на јавните електронски комуникациски мрежи, тајност и доверливост на комуникациите, права на корисниците на јавни електронски комуникациски услуги; Дава мислења во врска соодобрувањето на телекомуникациска терминална опрема;
- Ја организира и следи постапката за доделување на броеви и серии на броеви дава мислења и предлози во врска со подготовка, спроведувањето и ажурирањето на Планот за нумерација;
- Дава мислења и предлози во врска со параметрите за квалитет на електронските комуникациски услуги, за развој на конкуренцијата во телекомуникацискиот сектор;
- Дава мислења и предлози при одобрување на референтните понуди за интерконекција, понудите за пристап и референтните понуди за разврзан пристап на локална јамка на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и/или давателите на јавни електронски комуникациски услуги со значителна пазарна моќ на релевантен пазар;
- Дава мислења и предлози при определување на давател/даватели на универзална услуга и контрола над исполнувањето на обврските на номинираниот давател/даватели на универзална услуга;
- Активности во врска со спроведувањето на Законот за електронските комуникации во делот на технички прописи и стандарди за изградба и работа на јавни електронски комуникациски мрежи, телекомуникациска терминална опрема, интерконекција и пристап до јавни комуникациски мрежи и разврзан пристап на локална јамка.
- Активности во врска со спроведувањето на Законот за електронските комуникации во делот на техничките прописи и стандарди за обезбедување на јавни комуникациски услуги, јавни комуникациски услуги што се предмет на интерконекција и пристап на јавни комуникациски мрежи и разврзан пристап на локална јамка, обезбедување на универзална услуга.
Стапете во контакт со Секторот за телекомуникации
- Боро Тодоровски
Раководител на одделение за телекомуникациска инфраструктура
тел. 3 091 235
моб. 075 47 51 46