Select Page

СООПШТЕНИЕ

Агенцијата за електронски комуникации ги информира корисниците кои следат дигитална терестријална телевизија, DVB-T преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа за следното:

Во насока на воведување на 5G технологија и ослободување на фреквенцискиот опсег 694-790 MHz (дигитална дивиденда 2), предвидена е промена на каналите во одредени региони. Промените започнуваат на 15.05.2019 година (среда) во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба „Мали Влај“ (Охрид, Струга и околниот регион). При процесот на промена на каналите можни се делумни или целосни прекини во програмата. Во тој случај, апелираме до корисниците за задолжително прескенирање на ТВ каналите на уредите за прием на DVB-T. Корисниците на услуги преку кабелска и оптичка мрежа нема да бидат засегнати од овие промени.

Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Скопје, 14.05.2019 година