Select Page

Të nderuar,
Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува на почетен состанок во врска со отпочнувањето на проектот за дефинирање на мерки за поттикнување на развој на конкуренција на пазарите за електронски комуникациски услуги во Република Македонија и поттикнување на инвестиции во нова генерација на мрежи (оптика до секој дом, 4G мобилни мрежи, DOCSIS 3.0 мрежи).
Состанокот со претставници на АЕК и консултантската куќа Analysys Mason ќе биде одржан на ден 17.09.20104 г, во просториите на АЕК, сала 1 на прв кат со почеток од 10,00 часот.
Ги покануваме сите заинтересирани страни да земат учество на овој состанок.

Со почит,
Agjencia e Komunikimeve Elektronike



Почеток во: 10:00
Тема на состанок : Почетен состанок (kick-off) за проектот
Датум на одржување : 17/09/2014
Локација на состанокот : Агенција за електронски комуникации, Кеј Димитар Влахов бр.21 1000 Скопје Македонија