Select Page

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Сашо Димитријоски денес е избран за Потпретседател на Европското регулаторно тело за електронски комуникации (The Body of European Regulators for Electronic Communications-BEREC) на 40та пленарна седница која се одржува од 02-04.10.2019 година во Крит, Грција. Ново избраните членови на раководството на BEREC како и останатите присутни гости ги поздрави со посебно обраќање и Генералниот Секретар на ITU, Houlin Zhao. Со овој чин, Агенцијата за електронски комуникации доби посебно место на европската карта на регулатори за електронски комуникации, а со тоа и доверба за досегашната успешна работа како и соработка со останатите европски регулатори. На 40та пленарна седница покрај редовните состаноци, BEREC веќе одржа Самит на највисоко ниво со своите колеги од EaPeReg (Источна Европа), REGULATEL (Јужна Америка) and EMERG (Земји од Медитеранот и Северна Африка) – BEREC-EMERG-EaPeReg-REGULATEL Summit, со цел решавање на главните предизвици кои произлегуваат од обезбедување поврзаност во конвергентниот свет.