Select Page

На 24-ти и 25-ти октомври во Стокхолм, директорот на Агенцијата за електронски комуникации учествуваше на состанокот на претседавачите на Управниот одбор на BEREC за 2020 година. На состанокот се дискутираа задачите и обврските на BEREC/IRG и нивната распределба помеѓу членовите на Управниот одбор, календарот на активности во 2020, планирани процеси во делот на реализација на годишната работна програма, структурата на експертските работни групи, меѓународна соработка и соработка со други организации и друго.