Select Page

Врз основа на член 97 став 3) од Законот за елек тронските комуникации (Службен весник на РСМ број 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018, 21/2018,  98/2019, 153/2019  и 92/21) и Одлуката за распишување на јавен тендер за избор на давател на универзална услуга, донесена од директорот на Агенцијата за електронски комуникации,објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 0201-626/11 од 14.09.2021  година, Агенцијата за електронски комуникации објавува:

ЈАВЕН ТЕНДЕР БРОJ: 0201-626/17 објавен во Службен весни број 228 од  07. Октомври 2021 година.

Предмет на јавниот тендер е избор на даватели на универзална услуга за секоја од следните услуги опфатени со универзалната услуга и тоа:

а) обезбедување на пристап на фиксна локација и обезбедување на телефонски услуги;

б) Обезбедување на целосен телефонски именик и целосна телефонска служба за информации;

в) Обезбедување на јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни телефонски услуги.

Јавниот тендер е објавен во службен весник број 228 од 07 Октомври 2021 година.