Select Page
Врз основа на член 24 став 1 алинеја 5, член 29 став 3 и член 32 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/2014, 188/2014, 44/2015 и 193/15), а во врска со член 2 од Правилникот за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на на броеви и/или серии на броеви („Службен весник на Република Македонија“ бр.161/2014), Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на ден 19.12.2016 година донесе Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на годишниот надоместок за користење на броеви и /или серии на броеви за 2017 година, во износ од 1 евро во денарска противвредност пресметана по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на фактурирањето.

Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на годишниот надоместок за користење на броеви и /или серии на броеви за 2017 година, во износ од 1 евро во денарска противвредност пресметана по среден курс на НБРМ на денот на фактурирањето

Дополнителни информации:

Датум на донесување на актот: 19/12/2016
Службен весник: 6/2017
Важечки пропис: 1