Select Page
Агенцијата за електронски комуникации на ден 1 Април 2012 година организира состанок со претставници на Националната  Агенција за информатичко општество (NIA) на Република Кореа.
 На состанoкот присуствуваа: Dr. Seang-Tae Kim – Претседател на Националната Агенција за Информатичко Општество (President of the National Information Society Agency (NIA) од Република Кореа  и Mr. Gregory J. Pokorny – Главен Менаџер  на Националната Агенција за информатичко општество ( Principal Manager, Global Planning and Consulting  Department, National Information Society Agency (NIA) од Република Кореа.
Делегациите во разговорите разменија мислења за областите на заедничко делување и изнаоѓање  интереси за заедничка соработка. Посебен акцент беше ставен на сферата на новите информатички технологи каде што регионот во кој делува овaa институциja е предводник во воведувањето на ултрамодерни и брзи мрежи. За споредба: ако на Европа и беше потребна една декада за мигрирање на 50% од претплатниците од 2G технологија на 3G технологија, во регионот  во кој делуваат овие две институции миграцијата  во нови мрежи беше спроведена за 2-3 години.   Ова допринесува за високите ИТ индекси на Република Кореа која позитивно се одразува на развој  на јавниот информатички  бизнис и зајакнување на ICT културата.
Главни цели на Националната Агенција за информатичко општество од Република Кореа  се  осоврeменувањето на Кореанската информатичка инфраструктура, премостување на дигиталниот јаз, промоција на новите информатички технологии  и развивање на информатичката култура.

Размената на искуствата од праксите и политиките во електронските комуникации ќе допринесе  за продолжување на соработката помеѓу АЕК и NIA.