Select Page

Директорот на Агенцијата на ден 07.03.2011 година го усвои Упатството за формата, содржината и начинот на доставување на извештај за вкупни годишни приходи на оператори на јавни комуникациски мрежи и даватели на јавни комуникациски услуги. Со истото се уредува формата и содржината на Извештајот за вкупни годишни приходи остварени со употребата на јавни комуникациски мрежи и давањето на јавни комуникациски услуги во текот на претходната календарска година, или пократок дел од годината кога операторот или давателот почнал да работи што операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни да и го достават на Агенцијата заради извршување на нејзините надлежности, како и начинот на неговото доставување.

icon 20110307_Упатство за формата, содржината и начинот на доставување на извештај за вкупни годишни прих (38.5 kB)

icon 20110307_Извештај за Вкупни годишни приходи (34 kB)