На четвртиот состанок за 2019 година на Генералното собрание на Групата на Независни Регулатори (Independent Regulators Group – IRG) кој што денес се одржа во Малта директорот на Агенцијата за електронски комуникации Г-дин Сашо Димитријоски беше избран за заменик претседавач на ова тело за 2020 година. Групата на Независни Регулатори (Independent Regulators Group – IRG) е формирана во 1997 година со цел нејзините членови да ги споделат искуствата и да ги презентираат своите погледи околу прашањата кои што се поврзани со регулирањето и развојот на електронскиот комуникациски пазар. Работата на IRG најчесто претставува надополнување на работата на БЕРЕК (BEREC – Body of European Regulators for Electronic Communications), во кое тело Агенцијата за електронски комуникации исто така членува и каде што во истата 2020 година директорот Сашо Димитријоски ќе ја извршува функцијата на заменик претседавач.