Директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Г-н Сашо Димитријоски, денеска на покана на Стејт департментот на Соединетите американски држави, присуствуваше на видео-конференција на тема воведување на 5G. На конференцијата присуствуваа и релевантни експерти од Вашингтон и претставници од останати институции во Македонија.
Директорот на АЕК во својот говор ги изнесе досегашните активности на АЕК, како носечка институција во областа, во поглед на воведувањето на 5G во земјава како и наредните чекори кои се дел од Националниот оперативен бродбенд план. Исто така ја претстави и работата на МКД-ЦИРТ како составен дел од АЕК и притоа главниот фокус во излагањето беше сајбер безбедноста на 5G мрежите кои ќе се имплементираат во Македонија.
Скопје, 30/09/2020