Во согласност со Член 13 од Законот за електронски комуникации, Агенцијата за елетронски комуникации ја објавува нацрт Одлуката за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан со цел да обезбеди јавна расправа со која ќе им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови во однос на истите. Рокот на јавната расправа ќе биде до 22ри јуни 2019 година. Вашите мислења и коментари ве молиме испратете ги на адресата на Агенцијата за електронски комуникации или на следните електронски пошти: sinisa.apostoloski@aec.mk, marjan.pejovski@aec.mk и aleksandar.kocevski@aec.mk
Дополнето на 25 јуни 2019 година:
Во согласност со Член 10 став (4) од Законот за електронски комуникации Агенцијата ја објавува финалната Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан. Во согласност со Член 13 од Законот за електронски комуникации нацрт верзијата на Одлуката беше објавена на веб страната на АЕК на 23 Мај со цел сите заинтересирани страни да достават коментари и мислења по предлог Одлуката. Во предвидениот рок беа добеиени коментари од Македонски Телеком АД Скопје и оне.Вип ДООЕЛ Скопје. Во прилог ги објавуваме доставените коментари како и ставот на Агенцијата по истите. Одлуката, коментарите и одговорите по коментарите се достапни на следниот линк