Претставници на АЕК учествуваат на седумнаесеттата меѓународна конференција со тема ИДНА РЕГУЛАТИВА ЗА ИНКЛУЗИВНА ПОВРЗАНОСТ, која се одржува во рамките на фестивалот за информатички технологии ИНФОФЕСТ, во Будва, Црна Гора од 30 септември до 1 октмври. На конференцијата обраќање имаше директорот на Агенцијата за електронски комуникации Сашо Димитријоски. Директорот на АЕК заедно со директорите на националните регулаторни тела од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ја потпишаа техничката спогодба за погранична координација на мобилни и фиксни комуникациски мрежи.