{tab=Известување}
Агенцијата за електронски комуникации согласно Годишната програма за работа за 2011 година отпочна со Aнализа на релевантните пазари 3, 9 и 10 дефинирани согласно Одлуката за утврдување на релевантни пазари бр. 02-5015/1 од 23.09.2010 година.
Пазар 3 – минимален пакет на изнајмени линии
Пазар 9 – терминирани сегменти на изнајмени линии
Пазар 10 – преносни сегменти на изнајмени линии.
{tab=Прашалник}
Aнализа на релевантните пазари 3, 9 и 10 Агенцијата ја изготвува користејќи податоци и финансиски информации доставени од операторите до Агенцијата во форма на квартални извештаи.
{tab=Нацрт- документ}
Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по Нацрт документ за „ Aнализа на пазар за минимален пакет на изнајмени линии, терминирани и преносни сегменти на изнајмени линии”.
20110323_Втора анализа на пазар 3-9-10 (371.85 kB)
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 23.04.2011 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје
ljupco.manevski@aec.mk
slavica.nasteska@aec.mk
{tab=Финален документ}
Агенцијата за електронски комуникации ја известува јавноста дека го објавува финалниот документ за Втора анализа на релевантен Пазар 3 – минимален пакет за изнајмени линии, Пазар 9 – Терминални сегменти на изнајмени линии и Пазар 10 – Преносни сегменти на изнајмени линии, со вклучено мислење од Комисија за заштита на конкуренцијата , мислења од заинтересираните страни пристигнати во текот на јавната расправа и одговор на истите.
20110527_Втора анализа на релевантен пазар (362.05 kB)
20110527_Одговори на коментари по Нацрт документ за Aнализа на пазар за минимален пакет (146.01 kB)
{/tabs}