По завршувањето на јавната расправа по предлог документите за:
- ОДЛУKА за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи, и
- ПРАВИЛНИК за политики на фер користење и проценка на одржливоста на укинувањето на дополнителните надоместоци за регулирани малопродажни услуги во роаминг, и за барањето што го доставува операторот за целите на таа проценка
Агенцијата за електронски комуникации доби коментари и забелешки од страна на два оператори и тоа А1 Македонија и Македонски Телеком. Согласно член 13 став 3 од Законот за електронски комуникации, на својата веб страница Агенцијата ги објавува добиените мислења и коментари, како и ставот на Агенцијата по однос на истите. Во исто време Агенцијата ги објавува и финалните верзии на двата документи.
Коментари на Македонски Телеком