Врз основа на член 97 став 3) од Законот за електронските комуникации (“Службен весник на Република Македонија“ број 39/2014, 188/2014, 44/2015 и 193/2015) и Одлуката за распишување на јавен тендер за избор на давател на универзална услуга, донесена од директорот на Агенцијата за електронски комуникации,објавена во „Службен весник на Република Македонија“ број 203/2016 од 10.11.2016 година, Агенцијата за електронски комуникации објавува ЈАВЕН ТЕНДЕР БРОJ: 0201-2135/27.
Предмет на јавниот тендер е избор на даватели на универзална услуга за секоја од следните услуги опфатени со универзалната услуга и тоа:
а) Поврзување на краен корисник на фиксна локација со јавна комуникациска мрежа;
б) Обезбедување на целосен телефонски именик и целосна телефонска служба за информации;
в) Обезбедување на јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни телефонски услуги.
Објавен јавен тендер број 0201-2135/27 за избор на даватели на универзална услуга