Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува да присуствувате на I Jавен состанок за 2017 година што ќе се одржи на 20 Јули 2017 година со почеток во 10:00 часот во Административната зграда на АЕК – Бизнис сала, VI кат (адреса: Kеј Димитар Влахов бр. 21, Скопје).
Агенцијата за електронски комуникации, по принципот на своето транспарентно работење, овие состаноци ги организира со цел да им се овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со превземените активности, мерки и дејности за оваа година како и стратегијата и плановите за развој и делување во наредниот период. Главна тема на овој состанок е МКД-ЦИРТ. Би ни било од особено значење доколку и Вие како значаен субјект на пазарот за електронски комуникации, со свои претставници присуствувате на овој состанок и дадете придонес во унапредување на работата на Агенцијата и за наша заедничка соработка.
Во прилог Ви доставуваме формуалар за регистрација кој треба да го пополните и доставите до АЕК најдоцна до 19 Јули 2017 година на следната е-mail адреса: 1js2017@aec.mk
Покана за учество
Агенда за настанот
Формулар за пријава за учество