Агенцијата за електронски комуникациисогласно член 13 од Законот за електронски комуникации (Сл. весник на РМ бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18 и 21/18), отвора јавна расправа по Предлогот за измена на Правилникот за радиофреквенции кои се користат без одобрение за користење на радиофреквенции и ПРИЛОГОТ што е составен дел на овој Правилник.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки по јавната расправа најдоцна до 26.04.2018 година на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр. 21
СКОПЈЕ
или по електронски пат на следниве адреси:
jane.jakimovski@aec.mk
radka.sekutkovska@aec.mk
Измена и дополна на Правилникот за користење на радиофреквенции кои се користат без одобрение
Прилог кон правилникот за радиофреквенции кои можат да се користат без одобрение