Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по Нацрт документите за “Правилник за дополнување на Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација “, “Правилник за дополнување на Правилникот за утврдување на методот за пресметување на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија” и “ПЛАН за изменување и дополнување на Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија” објавен на веб страната на АЕК, на состанок кој ќе се одржи на ден 09.04.2011 година (понеделник) со почеток во 13 часот во просториите на КМЦ Зајчев Рид, Скопје.