Меѓународниот состанок на Управниот одбор и Извршниот одбор на проектот SEE DIGITV се одржува на 05 и 06 Јуни 2012 година во Скопје. Состанокот го отвори Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како и директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски и Претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски.
Овој меѓународен проект, координиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија , има за цел интеграција и координација на регионалната соработка и развој на земјите учеснички од Југоисточна Европа. Проектот се спроведува преку регулаторните тела од областа на електронските комунилкации и радиодифузијата во процесот на преминување од аналогно кон дигитално емитување на телевизиските програми, како и дигитализацијата на радиодифузната дејност. Присутни се претставници на овие тела од Словенија, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина , Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија. Цели на проектот се: минимализација на дигиталниот јаз во регионот преку промоција на развојот и имплементација на нови интерактивни услуги преку DVB-T технолошката платформа, спречување на можните негативни социјални и економски импликации од процесот на аналогно/дигиталната конверзија преку обезбедување на транснационална платформа базирана на трансфер на знаења и координирани активности, обезбедивање на хармонизирана правна, техничка и економска информативна кампања, усогласување на технологијата и стандардите кои се применуваат во DVB-T технологијата во регионот и поттикнување на развојот и имплементација на нови услуги за сите групи на население во регионот.