На барање на операторите, Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот на доставување на мислења и забелешки – најдоцна до 15 септември 2012 ( сабота) за доле наведените нацрт документи:
1. „Нацрт Извештај за пресметување на цени базирани на трошоци за минимален пакет на изнајмени линии базирани на LRIC методологија“
2. „Нацрт Извештај за резултатите од моделирањето на Bottom-Up LRIC за Битстрим услуги во РМ“
3. „Референтен документ за моделот Изнајмени линии, изнајмување на кабелски канали и dark fibre“
Со оглед дека периодот за доставување на мислења и забелешки е воедно и период во кој најголем дел од вработените ги користат летните годишни одмори, Агенцијата за електронски комуникации со ова пролонгирање на рокот излегува во пресрет на барањето на операторите.