Select Page
Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации започна со спроведување на  втора анализа на големопродажните пазари:
1.  Пазар 7- Физички пристап до мрежна инфраструктура ( целосен или поделен разврзан пристап) на фиксна локација и
2.  Пазар 8 – Пристап до услуги со широк опсег (broadband)
Оваа активност Агенцијата ја спроведува согласно член 42 од ЗЕК – преиспитување на утврден релевантен пазар каде стои „Агенцијата во определени временски периоди во соработка со органот надлежен за заштита на конкуренцијата, е должна да го преиспита постоењето на ефективна конкуренција на одреден релевантен пазар“.
Првата анализа на овие пазари беше спроведена врз информациите и податоците кои располагаше АЕК како и тие доставени од операторите и давателите на услуги врз основа на доставените прашалници, за периодот 2007,2008 и 2009 година.
Пазарите за електронски комуникациски услуги се одликуваат со постојан развој. Затоа неопходно е во определени временски рамки истите да бидат предмет на анализа спроведена од регулаторот со цел да се утврди степенот на развој на конкуренцијата и утврдување на состојбата на пазарите. Континуираното спроведување на анализи на пазарите се врши со цел да се утврди состојбата и степенот на развој на конкуренција како и да се утврди дали развојот се движи во правец на ефикасна конкуренција или постојат одредени бариери.



Поврзани вести:

More posts: анализа на пазар втора анализа големопродажни пазари мрежна инфраструктура пристап до услуги со широк опсег физички пристап