Аек зеде учество во Националната еколошка акција ” Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите”. Во соработка со општините, бизнис заедницата и невладиниот сектор на 21 Март, масовно се засадуваа садници на рози низ урбаните центри на територијата на цела Македонија, по должината на булеварите, сообраќајниците и другите јавни зелени површини.Оваа иницијатива се темели на резултатите на студија спроведена од група професори во 2002 година, со наслов Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје, со кои се утврдило дека во цветот на розата се апсорбираат големи количества на тешки метали како олово и цинк од водата, воздухот и почвите, а се штетни по човековото здравје. Климата во Македонија е погодна за одгледување на ова цвеќе, па оттука Министерството ја постави целта да се засади што е можно повеќе рози во урбаните центри, кои би имале покрај декоративна и еколошка димензија.За таа цел, дел од тимот на Агенцијата за електронски комуникации, кај зградата на КМЦ Зајчев Рид ја поддржаа оваа иницијатива и зедоа учество во оваа акција, одбележувајќи го Денот на пролетта со садење на рози и зеленило.
Поврзани вести:
More posts: земја на розите Македонија