Select Page

Од каков вид (тип) е Планот за нумерација во РМ?

Планот за нумерација во Република Македонија е од отворен тип, што значи повик се започнува со бирање на претплатнички број, при што се воспоставува повик со претплатник во истото географско нумерациско подрачје, или со бирање на национален префикс и национален број...

Може ли броевите од Планот за нумерација да се користат за друга намена, различна од намената предвидена во Планот за нумерација во РМ?

Броевите и сериите на броеви доделени со решение на Агенцијата може да се користат исклучиво за утврдената намена во Планот за нумерација за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во...

Кој може да аплицира за користење и доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација во РМ?

Согласно член 9 (Надлежност на Агенцијата) од Законот за електронските комуникации, Агенцијата доделува броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на оператори на јавни телефонски мрежи и даватели на јавни телефонски услуги во...

Како може да се добие троцифрен скратен број од серијата 19А?

Скратените броеви од серијата 19Х, се наменети за услуги од национално општествено значење и се доделуваат на државни институции (државни органи) од општествено значење. Согласно Планот за нумерација за услуги од национално општествено значење се предвидени 10 броеви,...

Како да станам корисник на негеографски број од серијата 05 и/или 08?

За користење на негеографски број(еви) од серијата 05 и/или 08 треба да се обратите кај оператор на јавна телефонска мрежа или давател на јавни телефонски услуги, кои согласно Вашето барање ќе достават Барање за доделување на броеви и серии на броеви до Агенцијата....

Како да добијам информација за скратени броеви кои се доделени и се користат во Битола и Тетово?

Согласно член 77 (План за нумерација) од Законот за електронските комуникации, Агенцијата ги објавува на својата веб страница податоците за доделените броеви и серии на броеви, носители на доделени броеви или серии на броеви. Доделените броеви и серии на броеви се...