Агенцијата за електронски комуникации во согласност со член 61 став 1 од Законот за електронски комуникации (Службен весник на РМ 13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008, и 83/2010) и точка 2.18 од Планот за доделување и користење на радиофреквенции во Република Македонија, а врз основа на добиено барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенциски блок 1720-1730 MHz / 1815-1825 MHz, објавува
20111013_Javen povik (76.13 kB 2011-10-13)
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА РАДИОФРЕКВЕНЦИСКИ БЛОК 1720-1730 MHz / 1815-1825 MHz
1. Заинтересираните страни треба да достават Барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенциски блок 1720-1730MHz/1815-1825MHz во согласност со “Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции и потребната документација”.
2. Во прилог на барањето треба да се достави Извештај за билансот на состојба и податоци од биланс на успех потврден од Централниот регистер, односно за странско правно или физичко лице, ревизорски извештај, издаден од странска реномирана институција регистрирана за вршење на ревизија.
3. Барањето треба да се достави во рок од 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во Службен весник на Република Македонија на адресата на Агенцијата за електронски комуникации, ул: Димитрие Чуповски бр 13, 1000 Скопје.
4. Со барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции, заинтересираните страни треба да достават и мислење за висината на пазарната вредност на радиофреквенциите.
5. Услови за доделба и користење на радиофреквенциите се:
– рок на важење на одобрението е 10 години со можност за продолжување;
– начин и услови за пренос на одобрението се во согласност со член 71 од Законот за електронски комуникации (Службен весник на РМ 13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008 и 83/2010);
– обврската за покриеност на население по една година од денот на добивањето на Одобрението за користење на радиофреквенции е да се обезбеди најмалку 30% покриеност, по две години 60% покриеност, по три години 80% покриеност од населението на Република Македонија;
– носителот на одобрението ќе биде должен во рок од 90 (деведесет) дена од денот на добивањето на Одобрението за користење на радиофреквенции да достави детален План на изградба на мрежата (со техничко решение, со податоци за: географска област на користење, метод на пресметка на пропагација и одредување на сервисна зона, геодетски податоци за локации на предаватели, моќност, модулација и вид на радиоемисија, предвидени антенски системи и радиоопрема) со временски рокови за реализација за период од 3 (три) години. Планот ќе претставува основа за следење на динамиката за обезбедувањето на услугите и процентот на покриеност на населението на Република Македонија. Носителот на одобрението ќе биде должен на крајот на секоја година за периодот од 3 (три) години на Агенцијата да и доставува извештај за процентот на покриеност на населението.
6. Ако во рок од 45 дена од денот на објавување на јавниот повик во Службен весник на Република Македонија, Агенцијата прими повеќе барања со што се надминува расположливоста на тие радиофреквенции, Агенцијата ќе донесе одлука за спроведување на јавен тендер во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за доставување на барања.
7. Доколку Агенцијата, врз основа на примените барања по јавниот повик утврди дека определените радиофреквенции се доволни за сите заинтересирани страни кои доставиле барања, одобренијата за користење на радиофреквенции ќе се издадат по постапка утврдена во член 60 од Законот за електронски комуникации (Службен весник на РМ 13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008 и 83/2010).
Агенција за електронски комуникации
Director
Роберт Орданоски